Related items
Showing items related by metadata.
-
Brochure, flyer, fact-sheetBrochureВклучување на приватниот сектор во климатските активности во Република Северна Македонија
Зајакнување на националните капацитети за ублажување и адаптација кон климатските промени и финализирање на Работната програма за Зелениот климатски фонд на Република Северна Македонија
2021Овој леток е еден од комуникациските производи развиени од ФАО и Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, во улога на Национален назначен орган за Зелениот климатски фонд (ЗКФ), а во рамки на вториот проект од програмата за Подготвеност и подготвителна поддршка на ЗКФ за земјата насловен ‘’Зајакнување на националните капацитети за ублажување и адаптација кон климатските промени и финализирање на Работната програма за Зелениот климатски фонд на Република Северна Македонија’’. Овој леток има за цел да ги информира сите актери од приватниот сектор во Северна Македонија за можностите за вклучување во климатски и зелени инвестиции преку искористување на механизмите за финансирање како што е Зелениот климатски фонд, кои ќе придонесе кон отпорен и нискојаглероден економски развој, а воедно и ефикасност и профитабилност за приватниот сектор. -
Book (stand-alone)Technical bookПроцедура „Без-приговор“ за Република Северна Македонија 2019
Also available in:
Процедура „Без-приговор“ за Република Северна Македонија e технички документ развиен во рамки на Проектот „Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд“, кој ги ангажираше сите релевантни засегнати страни во консултативни процеси со цел приоритизација на стратешките климатски инвестиции кои би се финансирале преку ЗКФ. Документот е изработен со техничка поддршка на ФАО и инпутот на техничкиот персонал на релевантните национални институции вклучени во дискусиите во текот на 2019 година, а особено благодарение на водството на Кабинетот на заменикот претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија. Овој технички документ е средство со кое се зајакнува сопственоста од страна на државата за зголемен пристап до климатски финансии и за транспарентно и партиципативно техничко оценување на националните приоритети во ангажманот со Зелениот климатски фонд. Документот ќе служи на потребите на различните засегнати страни и ќе обезбеди насоки и сите потребни елементи за развој на предлози со висок квалитет во Република Северна Македонија за финансиска поддршка од Зелениот климатски фонд. -
Book (stand-alone)Manual / guideПрирачник за климатски инвестиции на приватниот сектор
Зајакнување на националните капацитети за ублажување и адаптација кон климатските промени и финализирање на Работната програма за Зелениот климатски фонд на Република Северна Македонија
2022Also available in:
Овој прирачник го подготви Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија, во рамките на проектот од Програмата за подготвеност и подготвителна поддршка на Зелениот климатски фонд „Зајакнување на националните капацитети за ублажување и адаптација кон климатските промени и финализирање на Работната програма за Зелениот климатски фонд на Република Северна Македонија“ како дел од системските напори на ФАО за поддршка на Република Северна Македонија во спроведување на националните заложби во контекст на Конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени, фокусирајќи се особено на областите под мандатот на ФАО. Документот има за цел да даде насоки на државните институции, деловни асоцијации и организации, меѓународни организации, развојни и комерцијални банки и приватни компании за поголемо вклучување на приватниот сектор во климатски акции и инвестиции.
Users also downloaded
Showing related downloaded files
No results found.