Related items
Showing items related by metadata.
-
Book (stand-alone)Водич за Зелениот климатски фонд во Северна Македонија 2019Овој Водич за Зелениот климатски фонд во Северна Македонија беше подготвен од Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија, под раководство на Кабинетот на заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските сектори, во улога на Национален назначен орган за Зелениот климатски фонд (ЗКФ). Овој технички документ е развиен во рамки на Проектот „Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд“, кој ги ангажираше сите релевантни засегнати страни во консултативни процеси со цел приоритизација на стратешките климатски инвестиции кои би се финансирале преку ЗКФ. Овој Водич ги содржи основните информации за Зелениот климатски фонд (ЗКФ). Целта на Водичот е да ги информира засегнатите страни кои работат во областа на климатските промени и одржливиот развој како да пристапат до ресурсите на ЗКФ и да спроведуваат проекти финансирани од ЗКФ во Северна Македонија.
-
Book (stand-alone)Процедура „Без-приговор“ за Република Северна Македонија 2019
Also available in:
Процедура „Без-приговор“ за Република Северна Македонија e технички документ развиен во рамки на Проектот „Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд“, кој ги ангажираше сите релевантни засегнати страни во консултативни процеси со цел приоритизација на стратешките климатски инвестиции кои би се финансирале преку ЗКФ. Документот е изработен со техничка поддршка на ФАО и инпутот на техничкиот персонал на релевантните национални институции вклучени во дискусиите во текот на 2019 година, а особено благодарение на водството на Кабинетот на заменикот претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија. Овој технички документ е средство со кое се зајакнува сопственоста од страна на државата за зголемен пристап до климатски финансии и за транспарентно и партиципативно техничко оценување на националните приоритети во ангажманот со Зелениот климатски фонд. Документот ќе служи на потребите на различните засегнати страни и ќе обезбеди насоки и сите потребни елементи за развој на предлози со висок квалитет во Република Северна Македонија за финансиска поддршка од Зелениот климатски фонд. -
Brochure, flyer, fact-sheetПроцедура „Без-приговор“ за проектите поддржани од Зелениот климатски фонд во Република Северна Македонија – Информативен леток 2019Зелениот климатски фонд (ЗКФ) е нов глобален фонд воспоставен од државите-страни на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (УНФЦЦЦ) со цел да се поддржат земјите во развој да одговорат на предизвикот што го носат климатските промени. ЗКФ има цел да поддржи промена на парадигмата кон развој со ниски емисии и климатска отпорност, земајќи ги предвид потребите на државите кои се особено ранливи пред влијанијата на климатските промени. Начелото на сопственост на државата е во суштината на активностите кои Зелениот климатски фонд ги спроведува во земјите во развој. Фондот верува дека сопственоста на државата е постојан процес, и дека Националниот назначен орган (ННО) има главна улога при поттикнување на институционален развој и ангажираност на засегнатите страни за воспоставување на ефективен механизам за решавање на прашањата поврзани со климата. Овој информативен леток е заеднички развиен од страна на Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, во улога на ННО за ЗКФ и ФАО во рамки на проектот “Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд”. Тој има за цел да ги информира националните засегнати страни во Северна Македонија, за клучните аспекти на начелото на ЗКФ за сопственост на државата, циклусот за одобрување на проекти за ЗКФ и процедурата „Без-приговор“ во Северна Македонија која ја спроведува ННО за да осигури дека финансирањето преку ЗКФ ќе биде ќе биде транспарентно, во согласност со националните климатски приоритети, стратегии, планови, закони и регулативи, потекнува од земјата, е ефикасно и ги вкучува сите.
Users also downloaded
Showing related downloaded files
No results found.