Thumbnail Image

Прирачник за работата на Националниот назначен орган за соработка со Зелениот климатски фонд











​ФАО 2019. Прирачник за работата на Националниот назначен орган за соработка со Зелениот климатски фонд. Будимпешта.



Also available in:

Related items

Showing items related by metadata.

  • Thumbnail Image
    Book (stand-alone)
    Водич за Зелениот климатски фонд во Северна Македонија 2019
    Also available in:

    Овој Водич за Зелениот климатски фонд во Северна Македонија беше подготвен од Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија, под раководство на Кабинетот на заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските сектори, во улога на Национален назначен орган за Зелениот климатски фонд (ЗКФ). Овој технички документ е развиен во рамки на Проектот „Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд“, кој ги ангажираше сите релевантни засегнати страни во консултативни процеси со цел приоритизација на стратешките климатски инвестиции кои би се финансирале преку ЗКФ. Овој Водич ги содржи основните информации за Зелениот климатски фонд (ЗКФ). Целта на Водичот е да ги информира засегнатите страни кои работат во областа на климатските промени и одржливиот развој како да пристапат до ресурсите на ЗКФ и да спроведуваат проекти финансирани од ЗКФ во Северна Македонија.
  • Thumbnail Image
    Brochure, flyer, fact-sheet
    Информативен леток за ангажираноста на засегнатите страни - Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд 2019
    Also available in:

    Проектот “Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд” е прв проект на Република Северна Македонија од Програмата за подготвеност и подготвителна поддршка на Зелениот климатски фонд (ЗКФ). Проектот беше спроведен од Организацијата за храна и земјоделство при ООН (ФАО) под раководство на Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, како Национален назначен орган (ННО) за Зелениот Климатски Фонд (ЗКФ). Проектот се фокусираше на зајакнување на институционалните капацитети на ННО со цел ефективно да ги исполнува своите улоги и одговорности поврзани со ЗКФ, помогна да се креираат потребните партиципативни процеси за вклучување на сите засегнати страни на национално ниво, како и да се започне со подготовка на Работната програма за земјата за ЗКФ усогласена со националните приоритети за адаптација и ублажување на климатските промени, со Целите за одржлив развој и со критериумите за инвестирање на Зелениот Климатски Фонд. Овој информативен леток има за цел да ги презентира сите активности за ангажман на клучните национални засегнати страни, вклучително консултативни настани, фокус групи и работилници, спроведени во рамки на проектот во текот на 2019 година, на кои беа вклучени сите релевантни чинители во консултативен процес чија цел е приоретизирање на стратешките климатски инвестиции кои би се финансирале преку Зелениот климатски фонд. Ова исто така вклучуваше и координација со приватниот сектор во развојот на проектни предлози/идеи, како и целосна примена на политиките на ЗКФ за родови, еколошки и социјални прашањ. Консултациите со сите релевантни засегнати страни имаат за цел да осигураат
  • Thumbnail Image
    Book (stand-alone)
    Упатство за субјектите што сакаат да се акредитираат како субјекти со директен пристап за Зелениот климатски фонд
    Зајакнување на националните капацитети за ублажување и адаптација кон климатските промени и финализирање на Работната програма за Зелениот климатски фонд на Република Северна Македонија
    2021
    Also available in:

    Оваа публикација е еден од комуникациските производи развиени од ФАО и Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, во улога на Национален назначен орган за Зелениот климатски фонд (ЗКФ), а во рамки на вториот проект од програмата за Подготвеност и подготвителна поддршка на ЗКФ за земјата насловен ‘’Зајакнување на националните капацитети за ублажување и адаптација кон климатските промени и финализирање на Работната програма за Зелениот климатски фонд на Република Северна Македонија’’. Публикацијата има за цел да ја подигне свеста кај клучните засегнати страни за Зелениот климатски фонд во Република Северна Македонија, вклучително национални и локални институции, академски институции, јавни и приватни компании, граѓански организации и други правни лица во врска со процесот на акредитација за Зелениот климатски фонд. Toj вклучува краток опис на главните чекори на процесот на акредитација на ЗКФ, информации за најрелевантните политики, како и објаснување за секој дел од образецот за ЗКФ акредитација.

Users also downloaded

Showing related downloaded files

No results found.