Thumbnail Image

Процедура „Без-приговор“ за проектите поддржани од Зелениот климатски фонд во Република Северна Македонија – Информативен леток










Also available in:

Related items

Showing items related by metadata.

  • Thumbnail Image
    Book (stand-alone)
    Водич за Зелениот климатски фонд во Северна Македонија 2019
    Also available in:

    Овој Водич за Зелениот климатски фонд во Северна Македонија беше подготвен од Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија, под раководство на Кабинетот на заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските сектори, во улога на Национален назначен орган за Зелениот климатски фонд (ЗКФ). Овој технички документ е развиен во рамки на Проектот „Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд“, кој ги ангажираше сите релевантни засегнати страни во консултативни процеси со цел приоритизација на стратешките климатски инвестиции кои би се финансирале преку ЗКФ. Овој Водич ги содржи основните информации за Зелениот климатски фонд (ЗКФ). Целта на Водичот е да ги информира засегнатите страни кои работат во областа на климатските промени и одржливиот развој како да пристапат до ресурсите на ЗКФ и да спроведуваат проекти финансирани од ЗКФ во Северна Македонија.
  • Thumbnail Image
    Book (stand-alone)
    Процедура „Без-приговор“ за Република Северна Македонија 2019
    Also available in:

    Процедура „Без-приговор“ за Република Северна Македонија e технички документ развиен во рамки на Проектот „Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд“, кој ги ангажираше сите релевантни засегнати страни во консултативни процеси со цел приоритизација на стратешките климатски инвестиции кои би се финансирале преку ЗКФ. Документот е изработен со техничка поддршка на ФАО и инпутот на техничкиот персонал на релевантните национални институции вклучени во дискусиите во текот на 2019 година, а особено благодарение на водството на Кабинетот на заменикот претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија. Овој технички документ е средство со кое се зајакнува сопственоста од страна на државата за зголемен пристап до климатски финансии и за транспарентно и партиципативно техничко оценување на националните приоритети во ангажманот со Зелениот климатски фонд. Документот ќе служи на потребите на различните засегнати страни и ќе обезбеди насоки и сите потребни елементи за развој на предлози со висок квалитет во Република Северна Македонија за финансиска поддршка од Зелениот климатски фонд.
  • Thumbnail Image
    Book (stand-alone)
    Упатство за субјектите што сакаат да се акредитираат како субјекти со директен пристап за Зелениот климатски фонд
    Зајакнување на националните капацитети за ублажување и адаптација кон климатските промени и финализирање на Работната програма за Зелениот климатски фонд на Република Северна Македонија
    2021
    Also available in:

    Оваа публикација е еден од комуникациските производи развиени од ФАО и Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, во улога на Национален назначен орган за Зелениот климатски фонд (ЗКФ), а во рамки на вториот проект од програмата за Подготвеност и подготвителна поддршка на ЗКФ за земјата насловен ‘’Зајакнување на националните капацитети за ублажување и адаптација кон климатските промени и финализирање на Работната програма за Зелениот климатски фонд на Република Северна Македонија’’. Публикацијата има за цел да ја подигне свеста кај клучните засегнати страни за Зелениот климатски фонд во Република Северна Македонија, вклучително национални и локални институции, академски институции, јавни и приватни компании, граѓански организации и други правни лица во врска со процесот на акредитација за Зелениот климатски фонд. Toj вклучува краток опис на главните чекори на процесот на акредитација на ЗКФ, информации за најрелевантните политики, како и објаснување за секој дел од образецот за ЗКФ акредитација.

Users also downloaded

Showing related downloaded files

No results found.