Thumbnail Image

Болест на чвореста кожа

Теренски прирачник за ветеринари












Related items

Showing items related by metadata.

  • Thumbnail Image
    Book (series)
    Упатство за постапување со животински мрши
    Нештетно отстранување на животински мрши и контаминирани материјали на мали до средни фарми
    2021
    Појавата на болести кај животните може да предизвика бројни проблеми кои може значително да влијаат врз егзистенцијата, безбедноста на храната и врз животната средина. Правилното отстранување на животинските мрши од животните кои угинале или биле убиени за време на болеста е клучната компонента за успешната интервенција против појавата на болеста затоа што со тоа се спречува или ублажува понатамошното ширење на патогените предизвикувачи; а во случај на зоонотски блести, се штити и здравјето на луѓето. Практичните упатства што се дадени овде ги разработуваат прашањата што треба да се земат предвид и процедурите што се препорачуваат за постапување со животинските мрши и отпад. Наменети се за употреба од страна на ветеринарните служби и другите надлежни органи кога ги изработуваат своите планови за сузбивање и искоренување при појавата на болести кај животните. Упатството се однесува на појавата на болести кај животните од најразличен обем, и без разлика дали појавата е изолирана на еден објект или опфаќа пошироко подрачје со поголем број објекти. Сепак, упатството главно се фокусира на малите и средните стопанства во земјите кои не располагаат со конструирани депонии, кафилерии или погони за контролирано спалување. Упатството е напишано во духот на „едноставност и изводливост“, земајќи ги предвид ограничените човечки и финансиски ресурси во голем број земји за решавање на овој проблем. Излагањето и практичниот приод беа осмислени така што земјите со сигурност да може да го употребат упатството како корисна алатка во своите процедури за итни интервенции. Освен тоа, ова упатство директно придонесува и за приодот на „едно здравје“ преку заштитата на здравјето на животните, луѓето и животната средина.
  • Thumbnail Image
    Book (series)
    Подготвеност при појава на високо патогена Авијарна Инфлуенца 2006
    Високо Патогената Авијарна Инфлуенца (ВПАИ) претставува закана за светската живинарската индустрија и човековите приходи, како и потенцијална опасност за човековото здравје. Меѓународната заедница има огромен интерес за минимизирање на ширењето на оваа болест. Државите можат да бидат изложени на авијарна инфлуенца преку контакти на живината со дивите птици, особено, водните, пловни птици. Тие исто така можат да бидат изложени преку инфицирана и контаминирана живина, живинарски производи и предмети. Организацијата за храна и земјоделие при Обединетите Нации и Светската организација за животинско здравје го подготвија овој прирачник за да им помогне на одговорните и останатите одгледувачи на живина за евентуалната појава на ВПАИ, побрза детекција на болеста и брз одговор за спречување на болеста.Прирачникот содржи пректични совети за идентификација на болеста, патологија и дијагноза; детекција, одговорност и контролни стратегии; биосигурносни мерки за превенција од влегување на болеста. Прирачникот е неизмерен извор од корисни информации за секој кој е инволвиран во одгледување на живината и оние кои се занимаваат со животинското здравје.
  • Thumbnail Image
    Book (stand-alone)
    Насоки за зајакнување на родовата еднаквост при упис на земјиште – Југоисточна Европа 2021 2021
    Овие насоки се дел од заедничкиот напор на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и Deutsche Gesellschaft für internationale Zusammenarbeit (ГИЗ) за да им се помогне на земјите да го постигнат индикаторот 5.а.2 од цел 5.а од Агендата 2030 за одржлив развој усвоена од Обединетите нации во 2015 година. Целта 5.а е „Да се преземат реформи за да им се дадат на жените еднакви права на економски ресурси, како и пристап до сопственост и контрола над земјиштето и другите форми на имот, финансиски услуги, наследство и природните ресурси во согласност со националните закони “и се мери со два индикатори: Индикатор 5.а.1: (а) Процент на луѓе со сопственост или обезбедени права врз земјоделско земјиште (од вкупното земјоделско население), по пол; и (б) удел на жени меѓу сопствениците или носители на права на земјоделско земјиште, според видот на имотот. Индикатор 5.а.2: Удел на земји каде правната рамка (вклучително и обичајното право) гарантира еднакви права на жените на сопственост на земјиште и / или контрола.

Users also downloaded

Showing related downloaded files

No results found.