Thumbnail Image

Информативен леток за ангажираноста на засегнатите страни - Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд










Also available in:

Related items

Showing items related by metadata.

  • Thumbnail Image
    Book (stand-alone)
    Водич за Зелениот климатски фонд во Северна Македонија 2019
    Also available in:

    Овој Водич за Зелениот климатски фонд во Северна Македонија беше подготвен од Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија, под раководство на Кабинетот на заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските сектори, во улога на Национален назначен орган за Зелениот климатски фонд (ЗКФ). Овој технички документ е развиен во рамки на Проектот „Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд“, кој ги ангажираше сите релевантни засегнати страни во консултативни процеси со цел приоритизација на стратешките климатски инвестиции кои би се финансирале преку ЗКФ. Овој Водич ги содржи основните информации за Зелениот климатски фонд (ЗКФ). Целта на Водичот е да ги информира засегнатите страни кои работат во областа на климатските промени и одржливиот развој како да пристапат до ресурсите на ЗКФ и да спроведуваат проекти финансирани од ЗКФ во Северна Македонија.
  • Thumbnail Image
    Brochure, flyer, fact-sheet
    Политика на Зелениот климатски фонд за родови, еколошки и социјални прашања 2019
    Also available in:

    Зелениот климатски фонд (ЗКФ) се обидува да поттикне промена во парадигмата кон развој со ниски емисии и климатска отпорност, земајќи ги предвид потребите на земјите во развој кои се особено ранливи пред влијанијата на климатските промени. При спроведувањето на својот мандат, ЗКФ ефективно и правично ќе управува со еколошките и социјалните ризици и влијанија и ќе ги подобри исходите на сите активности финансирани од ЗКФ, при што ќе обезбеди еднакво учество на жени, млади луѓе и други малцинства и високо ранливи групи. Овој информативен леток е заеднички развиен од страна на Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, во улога на Национален назначен орган за Зелениот климатски фонд и ФАО во рамки на проектот “Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд”. Тој има за цел да ги информира клучните национални засегнати страни (национални институции, владини агенции, приватниот сектор, граѓанското општество, академијата, меѓународните организации) во Република Северна Македонија, за Политиката на Зелениот климатски фонд за родови прашања, како и Еколошките и социјални гаранции (ESS) како група стандарди на ЗКФ кои треба да се применуваат при ангажирање на засегнатите страни во активностите поврзани со ЗКФ и развојот на проекти за финансирање преку Зелениот климатски фонд.
  • Thumbnail Image
    Book (stand-alone)
    Упатство за субјектите што сакаат да се акредитираат како субјекти со директен пристап за Зелениот климатски фонд
    Зајакнување на националните капацитети за ублажување и адаптација кон климатските промени и финализирање на Работната програма за Зелениот климатски фонд на Република Северна Македонија
    2021
    Also available in:

    Оваа публикација е еден од комуникациските производи развиени од ФАО и Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, во улога на Национален назначен орган за Зелениот климатски фонд (ЗКФ), а во рамки на вториот проект од програмата за Подготвеност и подготвителна поддршка на ЗКФ за земјата насловен ‘’Зајакнување на националните капацитети за ублажување и адаптација кон климатските промени и финализирање на Работната програма за Зелениот климатски фонд на Република Северна Македонија’’. Публикацијата има за цел да ја подигне свеста кај клучните засегнати страни за Зелениот климатски фонд во Република Северна Македонија, вклучително национални и локални институции, академски институции, јавни и приватни компании, граѓански организации и други правни лица во врска со процесот на акредитација за Зелениот климатски фонд. Toj вклучува краток опис на главните чекори на процесот на акредитација на ЗКФ, информации за најрелевантните политики, како и објаснување за секој дел од образецот за ЗКФ акредитација.

Users also downloaded

Showing related downloaded files

No results found.